Москва забрани сите авиони поврзани со Велика Британија, вклучувајќи и транзитни летови, да влезат во рускиот воздушен простор.

Одлуката следува откако,  по нападот врз Украина, рускиот превозник „Аерофлот“ беше спречен да лета над Велика Британија.

Донесена е рестрикција за користење на рускиот воздушен простор, се однесува на летови на авиони во сопственост, изнајмени или управувани, од организација поврзана со или регистрирана во Велика Британија – се наведува во соопштението на воздухопловната управа на „Росавијација“.

Одлуката стапи на сила од 11 часот по локално време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.