Руската армија најави дека утре наутро ќе воведе ново примирје за евакуација на цивили од Украина, по воспоставувањето на хуманитарни коридори.

 Русија најавува прекин на огнот на 9 март во 10 часот по московско време (08:00 часот по средноевропско време) и е подготвена да воспостави хуманитарни коридори – соопшти одделот задолжен за овие прашања во руската Влада.

Според официјална Москва, предлогот ќе им биде пренесен на украинските власти, кои до полноќ треба да го потврдат воспоставувањето на хуманитарните коридори и од колку часот тие ќе бидат во функција.

Утринава беа воспоставени патишта за евакуација на цивили, особено од местото Суми на североисток, од каде во текот на денот тргнаа два конвои. Продолжуваат евакуациите и во регионот на Киев.

Во другите градови, како Буча на север и Мариупол на југ, цивилите сè уште се блокирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.