Руските власти воведуваат антитерористички мерки во три региони што граничат со Украина, јавуваат руските медиуми.

Специјалниот режим ќе важи за регионот Курск, каде што руските сили се борат против украинското навлегување, како и за регионите Белгород и Брјанск.

Мерките вклучуваат евентуално раселување на жителите, ограничување на транспортот во одредени области, зголемена безбедност околу чувствителните места и прислушување телефонски и други комуникации.

Руските мерки следуваат откако пред три дена украинските сили почнаа голема офанзива во областа Курск.

Над илјада украински војници влегоа во таа област, поддржани од тенкови и други оклопни возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.