Рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, не очекува неговата земја да користи нуклеарно оружје во војната во Украина, јави ДПА.
– Според руските воени правила, тоа може да се случи само ако постоењето на Русија е загрозено, изјави Келин во денешното интервју за Би-Би-Си.
– Ова нема никаква врска со сегашната операција, додаде тој.
Москва својата инвазија на Украина ја нарекува „специјална воена операција“, забележува ДПА.
Амбасадорот ја отфрли можноста претседателот Владимир Путин да анализира нуклеарен напад врз Британија во случај на ескалација на конфликтот. За ова и за други сценарија јавно се зборуваше на руската државна телевизија пред неколку недели
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.