Режимот во Киев подготвува нова провокација со цел да ја обвини Русија за масовно убиство на цивили во населбата Ирпен во Киевската област, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Како што истакна Конашенков, припадниците на Украинската служба за безбедност (СБУ) имаат намера во Ирпен да ги префрлат телата на убиени од украинските гранати, кои потоа ќе им ги претстават на новинарите како убиени руски војници кои пристигнале во тој град да убиваат цивили.
Тие имаат намера да ги донесат телата од градската мртовечница во подрумот на зграда во источниот дел на Ирпен, а потоа во блиската шума ќе се изврши инсценирана акција за „уништување“ на руска диверзантска група која наводно пристигнала во тој град за да убие сведоци на руски воени злосторства.
Телата на руски војници, поретходно убиени од украинските екстремисти ќе им бидат покажани на новинарите како доказ – изјави генерал Конашенков.
Тој додаде и дека оваа „цинична инсценирана акција“ била организирана со цел да се емитува на западните медиуми.
Генерал Конашенков нагласи и дека руската војска го напуштила тој град пред нешто повеќе од една недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.