Службени лица назначени од Русија и руски воени блогери тврдат дека украинските сили започнале голема офанзива во регионот Запорожје, јужно од Орехово.
Фронтот во Запорожје – вториот бран на контраофанзива на вооружените сили на Украина започна, објави денеска на Телеграм Владимир Рогов, член на воено-цивилната администрација на Запорожје.
Непријателот ангажираше максимални сили за да ја пробие нашата одбрана во правец на Орихив. Рано утринава, по масовната артилериска подготовка и воздушни напади, Украинците извршија напад на нашите позиции кај Работин, додаде тој.
Евгениј Балицки, гувернерот на окупираната украинска област Запорожје, исто така објави дека е во тек украински напад, пишува Си-Ен-Ен. Рускиот воен блогер Рибар опиша слична ситуација долж јужниот фронт.
Украина сè уште не ги коментираше овие наводи за офанзивата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.