Русија треба да биде вклучена во мировниот процес во Украина, изјави швајцарскиот министер за надворешни работи Игнасио Касис, jaвува Независне.
„Мораме да најдеме начин да ја вклучиме Русија во мировните дискусии“ рече Касис за време на четвртиот состанок на советниците за национална безбедност посветен на украинската „мировна формула“
Тој рече дека нема да има мир доколку Русија нема свој удел во сето ова.
„На Украинците им треба мир, зимата во Украина не е иста како зимата во Давос. Мораме да направиме се за да им помогнеме на Украинците да постигнат мир. Оваа средба е во духот на традицијата на Швајцарија за промовирање на мирот“, смета тој.
Утре во Давос официјално ќе започне Светскиот економски форум, а се очекува учество на лидери од 100 земји и големи меѓународни организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.