Русија соопшти дека почнала да повлекува уште тенкови и други оклопни возила од областите во близина на границата со Украина, по спроведувањето воени вежби кои предизвикаа загриженост кај Западот.

Нов воен воз кој превезува персонал и воена опрема на тенковските армиски единици на Западниот воен округ се врати во постојаните бази во Нижни Новгород по планираните вежби – се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува и дека 10 воени авиони биле повлечени од полуостровот Крим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.