Русија постигна договор со соседна Белорусија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави рускиот претседател Владимир Путин за руските медиуми.

Ваквиот потег нема да ги прекрши обврските од договорот СТАРТ за неширење нуклеарно оружје, рече Путин и додаде дека САД стационирале нуклеарно оружје на територијата на европските сојузници, пренесе ТАСС.

Путин порача дека Русија ќе одговори на употребата на муниција со осиромашен ураниум.

Русија има многу такви оружја, но тие досега не се користеа“, рече Путин, додавајќи дека оние што користат таква муниција ќе ја користат против сопствениот народ.

Како што рече претседателот на Русија, земјата нема да дозволи претерана милитаризација на економијата. Тој исто така рече дека со ограничувањето на употребата на долари, САД ја сечат гранката на која седат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.