Руската пацифичка флота почна големи поморски вежби, во кои учествуваат над 40 воени бродови и 20 авиони, соопшти руското Министерството за одбрана.
Предвидено е вежбите да траат до 10 јуни.
Рускиот команден брод „Маршал Крилов“, фрегата „Маршал Шапошников“ и група големи противподморнички бродови и корвети, мали противподморнички бродови, миночистачи, ракетни чамци и помошни бродови, ќе дејствуваат во одредени подрачја на Тихи Океан за време на вежбите – се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.