Висок функционер на руското Министерство за надворешни работи објави четири услови за завршување на војната.

Руската специјална воена операција ќе заврши кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да ѝ се заканува на Русија – изјави Алексеј Полшчук.

Специјалната воена операција ќе заврши кога ќе се исполнат нејзините задачи. Меѓу нив се заштитата на цивилното население на Донбас, демилитаризацијата и денацификацијата на Украина, како и елиминирање на заканите за Русија кои доаѓаат од украинска територија поради нејзината окупација на НАТО, порача Полишчук.

Тој не објасни точно како НАТО ѝ се заканува на Русија од украинска територија. Дипломатот додаде дека операцијата „се одвива според планираното“ и дека „сите нејзини цели ќе бидат остварени“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.