Русија изврши воздушен напад во текот на ноќта врз едно од главните украински пристаништа за извоз на жито, само неколку часа пред планираната средба помеѓу рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, соопштија украинските власти.

Украинските воздухопловни сили по полноќ ги повикаа жителите на Измаил, едно од двете главни украински пристаништа за извоз на жито преку Дунав во регионот Одеса, да се засолнат. Некои украински медиуми јавија дека во областа се слушнале експлозии.

Путин и Ердоган денеска треба да се сретнат во руското црноморско одморалиште Сочи, додека Анкара и ОН се обидуваат да го оживеат Договорот за извоз на жито преку Црно Море.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.