Русија најостро го осудува убиството на Хасан Насрала, генералниот секретар на либанската милитантна организација Хезболах, и го повикува Израел да ги запре нападите, се вели во соопштението објавено денеска на официјалната веб-страница на руското Министерство за надворешни работи.
„Најостро осудуваме уште едно политичко убиство извршено од Израел. Оваа насилна акција има уште подраматични последици за Либан и за целиот Блиски Исток. Убивањето либански граѓани речиси неизбежно ќе предизвика нов бран (насилство). Целосната одговорност за дополнителна ескалација паѓа врз Израел“, се наведува во соопштението.
Израелската војска соопшти дека извршила воздушен напад врз штабот на Хезболах лоциран под станбени згради во центарот на бејрутскиот кварт Дахија.
Во тој напад загинаа и командантот на Јужниот фронт на тоа движење Али Карки и командантот на силите на иранската револуционерна гарда Абас Нилфорушан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.