Над 50.000 војници неделава ќе земат учество во големи воени маневри на руската армија.

Воената вежба, наречена „Восток 2022“, ќе опфати распоредување на 5.000 парчиња оружје и воена опрема, како и 140 авиони, 60 воени бродови и други пловни објекти – соопшти руското Министерство за одбрана.

Предвидено е маневрите да почнат во четврток и да траат до следната среда, а ќе се одржат на воените полигони за обука во источен Сибир и рускиот Далечен Исток, како и во Јапонското Море.

Наводно, војниците распоредени во странство, веќе пристигнале во областа за обука, вклучувајќи сили од Белорусија, Кина, Индија.

Според Министерството, целта на вежбата, што се одржва на шест месеци од почетокот на руската воена операција во Украина, е да се обезбеди воената безбедност на Русија и на нејзините сојузници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.