Руското Министерство за одбрана денеска на брифинг ги потврди нападите врз, како што тврдеше, дел од пропагандната инфраструктура на Украина, вклучително и ТВ-кулата во Киев, пренесе РТ.

Меѓу целите на руските напади беше и ТВ-кулата во Киев, потврди официјалниот претставник. Министерството за одбрана тврди дека тоа било дел од воената инфраструктура што Украина ја користи за да води психолошка војна. Тоа беше прецизно погодено од прецизна муниција, која не ги оштети зградите во близина, рече портпаролот.

Руската војска ја објави својата намера да го нападне украинскиот „воено-пропаганден центар“ и, како што ги нарече, релевантни „технолошки локации“ неколку часа пред нападот врз кулата.

Украинската страна соопшти дека пет лица загинале, а пет други се повредени во нападот, кој, наводно, прекинал и некои телевизиски преноси во земјата.

Вознемирувачко видео:

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.