Русија најави дека ќе ја прекине соработката на Меѓународната вселенска станица (МВС) додека не се укинат санкциите што Западот ги воведе поради воената операција во Украина.
Во согласност на одлуката, Русија повеќе нема да работи со партнери како НАСА и Европската вселенска агенција (ЕСА) во орбиталната лабораторија – објави на социјалните мрежи шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин.
МВС е последниот преостанат значаен вселенски проект на кој Русија работи со споменатите партнерски вселенски агенции, откако беа откажани други лансирања и планови. Но, овој проект е веројатно најважниот, бидејќи Меѓународната вселенска станица е дом на многу астронаути и нејзината орбита мора постојано да се одржува за да се осигура дека нема да падне на Земјата.
МВС не е во сопственост на една нација и претставува „програма за соработка“ меѓу Европа, САД, Русија, Канада и Јапонија.
Неодамна Рогозин им пиша на сите поединечни агенции кои соработуваат на овој проект, а нивниот одговор за санкциите очигледно не беше соодветен.
Соработката на астронаутите на станицата е од витално значење за нејзиното функционирање, но првиот човек на Роскосмос сепак нагласи дека ги смета за неприфатливи санкциите наметнати од Западот.
Тој вели дека рокот за завршување на заедничката работа ќе биде доставен до руското раководство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.