Секоја земја што ќе одобри користење на нејзините аеродроми за украински авиони за напади врз Русија може да се смета за земја во конфликт, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Тој ја обвини Романија дека дозволува вакви полетувања.
„Речиси сите борбено способни воздухопловни сили на режимот во Киев се уништени. Но, од сигурен извор знаеме дека украинските авиони полетале од Романија и другите соседни земји. Користењето на мрежата на аеродроми на оние земји кои би служеле за украинските воени авиони и потоа нивното користење против руските вооружени сили може да се смета за мешање на тие земји во вооружениот конфликт“, рече Конашенков.
Украина бара од западните земји да воведат зона на забранети летови над нејзината територија. НАТО го одби барањето поради ризикот од директен конфликт со Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.