Русија издаде налог за апсење на братот на притворениот опозиционер, Алексеј Навални, барајќи неговата условна казна да биде претворена во затворска казна.
Олег Навални, чија локација не е позната, беше во домашен притвор минатата година помеѓу јануари и април и доби условна казна од една година за кршење на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на Ковид-19. Тој беше обвинет по учеството на протестот во Москва против апсењето на неговиот брат.
Олег беше ослободен од затвор во 2018 година по три и пол години затворска казна под обвинение за проневера за која критичарите тврдат дека била метод за заплашување на неговиот брат.
Федералната затворска служба ќе побара од московскиот суд на 18 февруари да го осуди 38-годишниот Олег Навални на затвор поради кршење на безбедносните прописи, изјави неговиот адвокат.
Алексеј Навални во истиот случај доби условна казна, а поради наводното прекршување минатата година беше променета во затворска казна. Тој тврди дека се работи за политички прогон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.