Претседателот на руската Дума Вјачеслав Володин изјави дека Русија спроведува „специјална воена операција со цел спасување животи на цивилите“.

„Да водеше Русија војна од пол размер, таа веќе одамна ќе беше готова“, порача Володин, а пренесува руската агенција ТАСС.

„Во тој случај Русија ќе ги користеше методите на Соединетите Американски Држави кои вклучуваат бомбардирање и нивната стратегија на „изгорена земја““, кажа тој и додаде дека САД постојано го користат „најдемократското воено воздухопловство во светот како во Југославија, Либија, Ирак и во Сирија“.

„Руските војници не убиваат цивили, туку ги ослободуваат, а понекогаш тоа го прават и по цена на сопствениот живот. Нашите војници даваат сè од себе за да ги спасат мирните жители“, заклучи Володин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.