Романскиот премиер Марсел Чолаку изјави дека е уверен оти неговата земја ќе влезе во Шенген зоната до крајот на годината.
– Како што сите знаете, изборите во Австрија завршија. Сè уште не формирале нова влада. Дозволете ми да ви кажам со 99,9 отсто сигурност дека Романија ќе се приклучи на Шенген оваа година – изјави Чолаку на новинарите.
На крајот на март, Романија и Бугарија делумно се приклучија на безвизната Шенген зона на ЕУ.
Поморските и аеродромските гранични контроли за овие земји се укинати и остануваат само контролите на нивните копнени граници.
За нивното укинување потребна е уште една одлука на Советот на ЕУ, која мора да биде едногласна.
Целосниот влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната беше блокиран од Австрија, која стравува од зголемување на бројот на мигранти.
Бугарија и Романија ќе треба да докажат дека ги исполнуваат условите за полноправно членство во Шенген зоната, особено во областа на борбата против илегалната миграција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.