Словачкиот премиер Роберт Фицо е свесен и комуникативен, а последователно му беше извршена томографија, соопштија денеска неговите лекари.
Истовремено се преземаат натамошни чекори за подобрување на неговото здравје, соопштија од болницата во словачкиот град Банска Бистрица, каде што премиерот се опоравува по атентатот, пренесува Ројтерс.
Вицепремиерот Роберт Калинак во неделата изјави дека премиерот е надвор од животна опасност, иако се уште е во премногу сериозна состојба за да биде префрлен во болница во Братислава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.