Речиси две третини од германските граѓани сакаат нова влада, според анкетата објавена деенска, само еден ден откако мнозинството изјави дека не се задоволни од работата на канцеларот Олаф Шолц и неговата коалициска влада во друга анкета.

Дури 64 отсто од испитаниците сметаат дека промената на власта би била добра за Германија, покажуваат резултатите од истражувањето на ИНСА за неделното издание на Билд.

Само 22 отсто од нив би сакале да ја задржат сегашната коалициска влада составена од социјалдемократите на Шолц (СПД), Зелените и бизнис-ориентираните Слободни демократи (ФДП).

Анкета во петокот покажа дека 51 отсто од Германците не се задоволни од Шолц како канцелар, а 58 отсто сметаат дека коалициската влада работи лошо.

Новата анкета покажува дека задоволството од Шолц и неговата СПД опаѓа, а сега 70 отсто од испитаниците се незадоволни од неговата работа, што е зголемување за 10 процентни поени во споредба со анкетата од пред четири недели.

Според анкетата на неделното издание на Билд, СПД го зголемува својот јаз во однос на десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и сега има само 18 отсто поддршка, два процентни поени помалку од минатата недела, додека АфД остана на 21 проценти.

Опозицискиот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ има 27 отсто поддршка, Зелените 14 отсто, а ФДП осум отсто. Левичарската партија Die Linke остана непроменета на пет проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.