Руските сили утринава нападнаа објекти во Одеса, а во нападот има и жртви, јавува украинскиот портал Укринформ.

Олех Кипер, шеф на државната администрација на регионот Одеса, го објави нападот на Телеграм. Според него, како резултат на рускиот напад била зафатена цивилната инфраструктура во Одеса.

 Пожарот се гаси – рече Кипер.

Од друга страна, руски извори информираат дека било погодено складиште со западна муниција и ракети. Таквата информација ја поткрепуваат со видеа од погодената цел на кои јасно се гледа дека има секундарни детонации, до какви доаѓа по дополнителната експлозијата на муницијата зафатена од првичниот ракетен удар.

Претходно, градоначалникот на градот, Хенадиј Труханов, извести за експлозијата за време на воздушниот напад.

Се слушна експлозија во градот! – напиша тој на Телеграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.