Руските сили го бомбардирале аеродромот во Чугаево, во околината на Харков. Во нападот е разнесен склад со муниција.

Неофицијално, на аеродромот имало голем број украински војници.

Советникот на министерот за внатрешни работи, Антон Херашченко, на својот Телеграм канал го потврди нападот тврдејќи дека аеродромот го погодиле крстаречки ракети „Калибр“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.