По најавата на американскиот претседател Џо Бајден дека САД и други земји-членки на Г-7 ќе забранат увоз на злато од Русија, денеска порасна цената на благородниот метал на светските берзи.

На физичкиот пазар цената на златото порасна за 0,6 отсто и унца се продава за 1.838,87 долари. Во фјучерсите на американскиот пазар, златото се тргуваше по 0,5 отсто повисока цена односно 1.840,40 долари за унца.

Велика Британија, САД, Канада и Јапонија на Самитот на Г-7 одлучија да го забранат увозот на руско злато во новиот пакет санкции против Москва поради нејзината инвазија врз Украина.

Втор најголем приход за Москва е од извозот на злато, Русија годишно произведува од 350 до 380 тони злато.

Извор: МИА


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.