Албанскиот премиер Еди Рама побара од Србија итно ослободување на тројцата косовски полицајци, уапсени пред два дена.

Постои итна потреба, неопходност, итност, тројцата косовски полицајци да се вратат дома. Надвор од тврдењата каде се фатени, овде или таму. КФОР нема да даде јавен заклучок туку ќе го поднесе соодветното досие во НАТО, јасно е дека тие не се вклучени во криминал, дури и ако се претпоставува дека ја поминале граничната линија, има само еден одговор, нивно враќање во Косово – рече Рама на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Орбан.

Прашан дали комуницирал со српскиот претседател Александер Вучиќ, Рама рече дека од сите страни се залага за ослободување на полицајците бидејќи тие не сториле никакво кривично дело.

Она што можам да го кажам е тоа што го кажав, од првата секунда сме ангажирани од сите четири страни, на сите можни канали за ослободување на полицајците. Ова е важно на политичко ниво и на ниво на односи, но нема никаква важност за тројца мажи кои денес се далеку од својот дом и кои мора веднаш да се вратат. Важно е дека тие не можат да бидат приведени за прекршување на границите, тие мора да се вратат во своите домови. Тие немаат направено никакво злосторство дури и да бидат фатени на едната или другата страна, денес тие мора да си заминат дома – рече Рама.

Рама уште еднаш нагласи дека Косово има златна можност на маса, како што ја нарече, да заврши долгото и болно поглавје меѓу двете земји и предупреди дека „оваа можност можеби нема да биде вечна“.

Заедничкото решение е решението што го нуди евроатлантската заедница со јасни и неподвижни точки како што гледате секојдневно. Она што е поважно за нашиот интерес е дека мирот е на маса, документот за договорот е на маса и историската можност е на маса да се затвори долгото и болно поглавје и да се направи Косово меѓународно признаена земја и од Србија. Ова е од голема важност, овие другите се производ на сосема непотребно отстапување од фокусот. Денеска евроатлантската заедница му даде златна можност на Косово и предлогот поддржан од ЕУ и САД е најдоброто нешто што може да му се случи на Косово – оцени Рама.

Според него „овој договор и оваа можност не се вели дека ќе ги има засекогаш“.

Може да се сменат состојбите, динамиката и да влеземе во друго време во кое не можеме да имаме избор. Другите можат да бидат таблети за егзалтација за оние кои се идентификуваат како патриоти во имагинарни војни и носат разочарување и, далеку од тоа, губење можности – смета Рама.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.