На социјалните мрежи е објавено видео од симулација на која се гледа целосната моќ на рускиот ракетен систем, во која се наведува дека развива брзина од 30.000 километри на час, а може да уништи непријателска инфраструктура, воени објекти и командни центри во само неколку минути.

Во видеото се посочува дека рускиот смртоносен ракетен систем работи така што истреланата ракета влегува во одредена орбитална патека, се одвојува од хиперсоничната боева глава и без мотор и благодарение на големата брзина и кинетичката енергија се движи кон целта.

„Авангард“ е во состојба да истрела ракета која развива брзина од околу 27 мах, што е околу 33.000 километри на час. Тоа значи дека се потребни 15 минути за да се стигне до Соединетите Американски Држави, а само 5 минути за да се стигне до Велика Британија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.