Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за правни норми за воведување на дигиталната рубља и создавање на соодветна електронска платформа.
Трансакциите во дигитална форма на руската национална валута ќе може да се вршат со помош на платформи чиј оператор ќе биде Банката на Русија, но нема да може да се користи за штедење и за добивање кредити.
Документот предвидува можност за пренос на правата на дигиталната рубља, исто така преку тестамент, а таа процедура ќе ја утврди Владата на Русија во договор со Банката на Русија.
Покрај тоа, на наследниците им се дава можност да добијат дигитални рубли од сметката на починатиот за да го организираат неговиот погреб.
Операторот на платформата, Руската централна банка, ќе има право да обработува лични податоци. Планирано е оваа услуга да биде бесплатна за физички лица, додека правните лица ќе плаќаат 0,3 отсто од вкупната вредност на трансакцијата.
Според овој закон, терминот „девизи“ во иднина ќе ги вклучува и валутите на странски држави во дигитална форма. Главните одредби од законот стапуваат во сила на 1 август 2023 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.