„Русија е земја што ги задоволува сите свои потреби, која е силна и оди напред – ова е најважниот резултат во минатата година“ изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
„Сите имаат проблеми над главата, неспоредливи се со нашите проблеми. Дури и водечките економии во Европа минуваат низ тешки времиња, ние растеме, а тие паѓаат. Нема да навлегувам во детали, не сме среќни поради тоа, не се радуваме на тоа. Но, фактот останува факт. Излегува дека нивната зависност од нас е поголема од нашата зависност од нив. Главната работа е што се покажавме себеси и пред целиот свет, што е исто така важно, дека Русија е самодоволна земја во секоја смисла на зборот. Силни сме и се движиме напред, самоуверено гледајќи напред. Ова е апсолутно најважниот резултат од минатата година“, порача Путин за време на состанокот со жителите на градот Анадир во Чукотка, пренесува Спутник.
Путин е во работна посета на Чукотскиот автономен округ, кој се наоѓа на крајниот исток на Русија каде Беринговиот Проток го дели од американската сојузна држава Алјаска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.