Претседателот Владимир Путин денеска вети дека ќе ја направи Русија „суверена сила“ за време на говорот пред членовите на владејачката партија и тоа е негов прв говор во кампањата пред претседателските избори во март 2024 година.
„Русија ќе биде суверена и самодоволна сила, инаку повеќе нема да постои“, рече Путин на конгресот на „Единствена Русија“ организиран за поддршка на неговата кандидатура.
Путин рече дека Русија не може, како некои земји, „да се откаже од својот суверенитет во замена за неколку колбаси и да стане нечиј сателит“.
Обвинувајќи го Западот дека сака да ја „урне руската економија и социјалната сфера“, Путин ги повика „патриотските сили“ на земјата да ги здружат силите во справувањето со „историските задачи“ што се пред Москва.
Заедно со рускиот народ го браниме суверенитетот, слободата, безбедноста на Русија, се што ни е драго, нашата историја, нашата култура, нашите вредности и нашите традиции“, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.