Рускиот претседател Владимир Путин предупредува на сериозни последици за глобалниот енергетски пазар доколку Западот воведе ограничување на цената на руската нафта.
Во соопштението од Кремљ се наведува дека Путин имал телефонски разговор со ирачкиот премиер Мухамед Шија ал Судани и му честитал за преземањето на функцијата.
Иако фокусот на разговорот беше на перспективите за проширување на билатералните трговски и економски врски, двете страни „ја пофалија заедничката работа на Русија и Ирак во рамките на организацијата ОПЕК +, што овозможува да се обезбеди стабилност на светскиот пазар на нафта.
Тие разговараа и за обидите на Западот да ја ограничи цената на руската нафта, се вели во соопштението, додавајќи дека Путин нагласил дека „таквите активности се спротивни на пазарните принципи и многу веројатно ќе резултираат со сериозни последици за глобалниот енергетски пазар“.
Европската Унија досега не успеа да постигне договор за ограничување на цената на руската нафта, а Урсула фон дер Лаен, претседателката на Европската комисија, рече дека членките работат „со полна пареа“ на деветтиот пакет санкции против Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.