Рускиот претседател Владимир Путин денеска првпат и се обрати на јавноста по обидот за државен удар предводен од лидерот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин.
Претседателот се обрати пред учесниците на Меѓународниот младински индустриски форум „Инженери на иднината – 2023“ и на настанот не кажа ниту збор за последните случувања во државата.
Руските медиуми пренесоа дека претседателот на учесниците само им нагласил дека развојот и модернизацијата на индустријата останува приоритет за земјата.
Владата ќе продолжи да го стимулира воведувањето на најновите технологии во различни индустрии, вклучително и производството на индустриска и енергетска опрема, рече претседателот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.