Владимир Путин се подготвува за долга војна во Украина, при што дури и евентуална победа на исток нема да стави крај на конфликтот, предупредија американски разузнавачи.
Предупредувањето доаѓа додека продолжуваат жестоките борби на истокот, каде Русија се обидува да заземе територија, потсетува Би-Би-Си.
Москва повторно ги фокусираше своите трупи на заземање на регионот Донбас откако Украина се спротивстави на обидите да го заземе нејзиниот главен град Киев.
Но, и покрај тоа, руските сили остануваат во ќор-сокак, соопштија американските разузнавачи.
Аврил Хејнс, директорка на националното разузнавање, во излагање пред Комитет на американскиот Сенат изјави дека Путин сè уште има намера „да постигне цели надвор од Донбас“, но оти „се соочува со неусогласеност меѓу неговите амбиции и сегашните конвенционални воени способности на Русија“.
Таа додаде дека рускиот претседател „веројатно“ смета на тоа дека поддршката на САД и ЕУ за Украина ќе ослабне бидејќи инфлацијата, недостигот на храна и цените на енергијата се влошуваат.
Сепак, рускиот претседател би можел да се сврти кон „подрастични средства“ додека војната продолжува – иако Москва би употребила нуклеарно оружје само ако Путин смета дека постои „егзистенцијална закана“ за Русија.
Директорот на Одбранбената разузнавачка агенција Скот Бериер на истото сослушување изјави дека Русите и Украинците се „малку во ќор-сокак“.
Во последните борби, Украина тврди дека повторно освоила четири населени места во североисточниот регион Харков.
Черкаси Тишки, Руски Тишки, Рубижне и Бајрак се одземени од Русија, соопштија вооружените сили на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.