Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека руската воена операција во Украина е забавена.

На конференцијата во Копенхаген, Данска и се придружи на Велика Британија во испраќањето дополнителна помош за Украина. Валас рече дека борбите се уште траат, но дека Русија слабее во многу области.

„Тие не успеаја досега и се сомневам дека некогаш ќе успеат да ја окупираат Украина. Нивната воена операција тапкаше во место и постојано се менуваше до точка што тие навистина се фокусираат само на делови од југот и истокот, што е многу далеку од нивната таканаречена специјална операција која требаше да трае три дена“, рече Валас.

„Тие три дена сега се повеќе од 150, што е речиси шест месеци, и со значителни загуби на опрема и војници. Путин се коцкаше, мислеше дека во август, по неколку месеци, сите ќе се измориме од овој конфликт и дека меѓународната заедница ќе се распадне. Денес се докажа спротивното“, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.