Владимир Путин донесе одлука да одговори на упадот на Украина во Русија, изјави рускиот амбасадор во САД. „Искрено ви кажувам дека претседателот донесе одлука“, изјави Анатолиј Антонов, а јави руската државна новинска агенција ТАСС.
Цврсто верувам дека сите ќе бидат строго казнети за она што се случи во Курската област, рече Антонов, но не наведе дополнителни детали за плановите на Путин.
За потсетување, вчера во Кремљ беше одржан состанок на високи функционери поради украинската инвазија во Курската област, на која учествуваа Путин и гувернерите на пограничните региони. На средбата се разговараше за ненадејната инвазија на Украина во руската Курска област, која трае повеќе од две недели.
Тоа е најголемиот упад на странска воена сила во Русија од Втората светска војна.
Рускиот амбасадор Антонов додаде дека САД планираат да ги отстранат сите ограничувања за употребата на оружјето доставено до Украина. „Актуелната управа се однесува како човек што ја подава едната рака, а со другата држи кама зад грбот“, рече Антонов.
Тие во суштина го поставија теренот за одлука, едноставно да се отстранат сите постојни ограничувања во одреден момент, без многу размислување, рече тој.
САД ѝ обезбедија на Украина воена помош во вредност од повеќе од 55 милијарди долари од 2022 година, но не му дозволија на Киев да користи оружје со долг дострел на руска територија, освен ако не се користи за одбранбени прекугранични операции или одмазднички оган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.