Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе го прекине огнот и ќе почне „веднаш“ мировни преговори доколку Украина ги повлече трупите од четири региони и се откаже од кандидатурата за членство во НАТО.

Штом Киев ќе каже дека е подготвен да го стори тоа и ќе започне навистина да ги повлекува војниците и официјално се откаже од плановите за влез во НАТО, ние веднаш, буквално во истиот момент, ќе го прекинеме огнот и ќе почнеме разговори, рече Путин на состанокот со руските дипломати во Москва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.