Рускиот претседател Владимир Путин ја следеше воената парада по повод Денот на победата над фашизмот носејќи зелено ќебе на нозете, што дополнително ги поттикна шпекулациите во британските медиуми кога е во прашање здравствената состојба на шефот на Кремљ. –

Путин седеше во закопчана црна јакна со победничка лента врзана околу градите додека гледаше како војници и воени возила минуваат покрај познатиот Црвен плоштад во Москва.

Тој беше нагрнат со зелено ќебе над неговите нозе иако температурата тој ден во Москва беше  9 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.