Владимир Путин, човекот кој ја предводи Русија речиси четврт век, може да стане најдолговечниот лидер што Русија го имала во последните 200 години, откако на изборите ја врати довербата на граѓаните.
Освен што Путин до крајот на новиот шестгодишен мандат би можел да го престигне Сталин, кој беше на чело на државата речиси три децении, на овие избори ја доби досега најголемата поддршка од граѓаните, повеќе од 87 проценти. За Путин се знае многу, а сепак зборуваме за човек за кого, и покрај ова, се знае само она што Кремљ сака да го знае. За Путин денес се зборува како претседател, но и поранешен советски шпион и член на КГБ, пишува „Вечерњи лист“.
Во исто време се образувал, па во 1975 година дипломирал право на Универзитетот во Ленинград. Уште додека студирал бил регрутиран во КГБ. Бил обучен за контраразузнавање. па најпрвин започнал да работи во рамките на КГБ во „Вториот оддел“ од каде што бил префрлен во „Прво одделение“ каде негови задачи биле надзор над странците и конзуларните службеници во Ленинград. Неговиот псевдоним бил другарот Платов.
За време на неговата обука, тој стана специјалист за контраразузнавање, со неговите аналитички вештини кои беа високо оценети, додека неговиот лик беше оценет негативно. Оттаму заминал во Германската Демократска Република, каде што престојувал како шпион од 1985 до 1990 година. Медиумите објавија дека во 1989 година во Дрезден тој сам ја бранел зградата на КГБ, појавувајќи се пред демонстрантите.
Путин се врати во поранешниот СССР во 1990 година, односно веднаш по падот на Берлинскиот ѕид и обединувањето на Германија. Како дипломиран правник, но и поранешен член на КГБ, во јуни 1990 година започнува да работи на Универзитетот во Ленинград. Неговиот политички подем оди рака под рака, па во 1991 година станува шеф на Меѓународниот комитет во кабинетот на градоначалникот на Санкт Петербург.
Тој продолжува да расте и да напредува политички, така што пет години подоцна се сели во Москва каде што станува член на администрацијата на претседателот Борис Елцин, кој го назначил на местото прв заменик-директор на претседателската администрација.
Во мај 2000 година се одржаа претседателски избори на кои Путин победи во првиот круг. Сè после тоа е веќе познато затоа што Путин со години создаде нова моќна Русија и стана еден од најмоќните луѓе во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.