Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди западните обвинувања дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна бесмислица“.
Што се однесува до тврдењата дека планираме да ја нападнеме Европа по Украина, ова е целосна глупост со цел да се заплаши нивното население да плати повеќе пари, рече тој на состанокот со воените пилоти во регионот Твер, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.
Тие го плашат своето население со потенцијалната закана од Русија, тие се обидуваат да го пренесат тој наратив во светот, тврди Путин.
Путин вели дека наративот за планираниот напад на Русија врз Европа се одвива „среде опаѓање на економијата и опаѓање на животниот стандард“.
Ова е апсолутно јасно и сите го признаваат. Ова не е пропаганда. Ова навистина се случува. Тие треба да се оправдаат, па го заплашуваат своето население со потенцијалната закана од Русија и се обидуваат да го шират својот наратив до целиот свет, рече Путин, пишува ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.