Рускиот претседател Владимир Путин изјави рече дека Русија ќе биде подготвена да разговара со Украина, САД и Европа за иднината на Украина доколку сакаат, но Москва ќе ги брани своите национални интереси.
Путин постојано изјавува дека отворен за мировни преговори, но западните власти веруваат дека тој ги чека претседателските избори во САД во ноември пред да направи вистински напор.
Во Украина, оние кои се агресивни кон Русија, како и во САД и во Европа – дали сакаат да преговараат? Па, нека, но ние ќе го направиме тоа врз основа на нашите национални интереси. Нема да се откажеме од тоа што е наше, им рекол Путин на воените претставници во Москва.
Русија контролира околу 17,5 отсто од територија на Украина.
Русија го прифати Крим по реферндумот за присоединување во 2014 година, а за четирите украински региони што делумно ги контролира, исто така тврди дека се дел од Русија.
Путин рече и дека САД ја искористуваат Европа за свои интереси и дека Русија не планира војна во Европа.
Членството на Украина во НАТО „не е прифатливо за Русија ни за 10 ни за 20 години“, потенцира Путин
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.