Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва не се противи на учеството на земјите од НАТО во дискусијата за Договорот за стратешкото офанзивно оружје (СТАРТ), но дека е „едноставно смешно“ да се замислуваат американски војници во руски нуклеарни објекти.

Покрај сè друго, кога тие го прават она што го прават денес во Украина, едноставно не можам да замислам американски војници да шетаат по нашите нуклеарни објекти. Тоа е едноставно смешно“, нагласи Путин во интервју за телевизијата „Россија-1“, пренесува „Спутник“.

Претседателот на Русија изјави дека Москва е принудена да се врати на темата за нуклеарниот потенцијал на Велика Британија и Франција, бидејќи НАТО „покажал дека претставува воен, а не политички блок“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.