Рускиот претседател Владимир Путин нареди еднократна исплата од 195.000 рубли (3.100 евра) за редовните припадници на армијата со договори и за оние кои се регрутирани да се борат во Украина, соопшти Кремљ.

Москва минатата недела соопшти дека „делумната мобилизација“ на 300.000 резервисти завршила, но призна дека имало потешкотии.

Повеќе од 2.000 луѓе беа уапсени на протестите по негодувањето на јавноста поради случаите на мобилизација и покрај исклучоците од медицински причини или недостатиг од воено искуство.

Во одредбата објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин наведува дека целта на исплатата е да се „обезбедат дополнителни мерки за социјална поддршка“ на припадниците на редовните вооружени сили под договори и за регрутите. Не се дадени повеќе детали.

Минималната месечна плата за војниците со договор е 160.000 рубли (нешто помалку од 2.600 евра), што е речиси трипати повеќе од просечната плата во Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.