Финскиот претседател Саули Ниинисто вчера потврди дека неговата земја официјално ќе поднесе барање за членство во НАТО, а рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди на „одговор“ доколку „инфраструктурата“ на НАТО се прошири на која било земја.
Британските медиуми објавија видео кое се прошири на социјалните мрежи, а на кое наводно се гледа движењето на воените возила кон финската граница. Се верува дека тие носат ракети Искандер и се движат кон Виборг, град на помалку од 50 километри од Финска и околу 217 километри од главниот град Хелсинки.
Footage of Russia orcs moving 9K720 Iskander to the border with Finland against the backdrop of joining NATO.#PutinWarCriminal #UkraineUnderAttack pic.twitter.com/Ja9Y5D4W4g
— Anonymous Operations (@AnonOpsSE) May 16, 2022
Според „Дејли мејл“, „Искандер“ може да извршува широк спектар на улоги во зависност од боевата глава со која се опремени. Меѓу другото, тие може да имаат нуклеарно полнење за кое се смета дека е околу четири пати помоќно од бомбата што ја уништи Хирошима. Ракетите имаат дострел до околу 480 километри и најчесто се носат со патни мобилни лансери, што го отежнува нивното наоѓање и уништување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.