Во судир на два воза во понеделникот на пладне покрај Барселона загинал возач, а полесно биле повредени повеќе 80 патници, објавиле регионалните власти.

Околу 85 луѓе се повредени, од кои двајца потешко, пренесуваат регионалните итни служби.

Судирот се случил во околу 18 часот кога товарен воз излетал од шините и удрил во патнички воз кај станицата Сант Бои Де Лобрегат, оддалечена на околу 14 километри од Барселона.

Возачот на патничкиот воз загинал како последица од ударот, објавила регионалната влада во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.