Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до семејството на руската новинарка Дарија Дугина, а нејзиното убиство го нарече „подло и сурово злосторство“.

„Подло, сурово злосторство го прекина животот на Дарија Дугина, паметна, талентирана личност со вистинско руско срце: љубезна, полна со љубов, сочувствителна и отворена“ наведе Путин во телеграма, јавија руски медиуми.

Дугина загина во експлозија на возило во саботата вечерта. Нејзиниот татко на Запад го гледаат како еден од „мозоците“ на Путин



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.