Рускиот претседател Владимир Путин го отпушти Валериј Герасимов, главниот генерал задолжен за војната против Украина, додека продолжува со чистката на врвот по обидот за пуч на Вагнер минатиот месец, пишуваат руските медиуми.
Генералот Валери Герасимов (67) e сменет за помалку од шест месеци откако беше назначен на функцијата, се наведува и се додава дека на негово место доаѓа генерал-полковник Михаил Теплински.
Бурниот потег на Путин – кој не е официјално потврден – го претставува најновиот пресврт во командата на неговата речиси 17-месечна инвазија на Украина.
За време на војната, отпушти неколку водачи, меѓу кои и генерал-полковник Михаил Мизинцев, познат и како „Мариуполскиот касап“, како и генералот Рустам Мурадов, кој стоеше зад масакрот во Вухледар на почетокот на оваа година.
Герасимов ќе остане на чело на руските вооружени сили како началник на Генералштабот, но севкупната одговорност за војната сега ја има Теплински (54), командант на воздушните трупи на земјата, објави „Москва тајмс“.
Негово разрешување бараше Евгениј Пригожин, првиот човек на Вагнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.