Велика Британија пред две години била многу загрижена поради можноста дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја гаѓа Украина со нуклеарно оружје во октомви 2022 година.

Тоа се наведува во книгата „Оут оф Блу“, биографија на поранешната премиерка Лиз Трас.

Како што се наведува во книгата, таа била загрижена дека Велика Британија ќе биде на удар на нуклеарно зрачење и ги поминала своите последни денови во премиерскиот кабинет подготвувајќи се за зрачењето кое би можело да го погоди островот.

Трас минувала часови проучувајќи сателитски снимки и правец на ветерот, бидејќи се плашела дека врнежите би можеле директно да влијаат на Британија.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.