Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека тврдењата за вмешаност на украински активисти во експлозиите на гасоводите Северен тек 1 и 2 се целосна глупост.

Експлозија на таква моќ, на таква длабочина, можат да изведат само експерти кои зад себе ја имаат целата моќ на држава која има одредени технологии, изјави Путин за телевизијата „Русија 1“, пренесува Индекс.

Тој посочи дека на Русија и е тешко да ја спроведе својата истрага, бидејќи нејзините стручни тимови не смеат да ги истражуваат местата на експлозијата.

Фактот дека се работи за терористички напад веќе за никого не е тајна и мислам дека сите веќе го препознаа. Уште повеќе, терористичкиот напад беше јасно извршен на државно ниво, рече Путин.

Путин изјави дека експертите на Гаспром пронашле „столб“ на оддалеченост од околу 30 километри од местото на експлозијата.

Нашите експерти веруваат дека тоа би можело да биде антена за примање сигнал за активирање на експлозивна направа, што може да биде, не велам дека е, но може да биде поставено под гасоводот, рече Путин.

Тој додаде дека Соединетите Американски Држави се теоретски заинтересирани за вакви инциденти, за да ја снабдуваат Европа со својот течен гас,пренесе Денес.рс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.