Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да разговара за војната во Украина, но се сомнева дали украинскиот претседател Володимир Зеленски има легитимитет да преговара во име на Украина.

Путин, кој зборуваше во Минск по средбата со авторитарниот белоруски лидер Александар Лукашенко, рече дека петгодишниот мандат на Зеленски требаше да заврши на 20 мај.

Се разбира, свесни сме дека легитимитетот на актуелниот шеф на државата заврши, рече Путин на заедничката прес-конференција со Лукашенко.

Мораме да бидеме целосно сигурни дека имаме работа со легитимни власти, додаде тој.

Зеленски беше инаугуриран со петгодишен мандат на 20 мај 2019 година. Изборите требаше да се одржат на 31 март оваа година, но беа одложени бидејќи земјата се уште е под воена состојба.

Според украинскиот Устав, Зеленски мора да продолжи да ги извршува своите должности додека не биде избран нов шеф на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.