Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги објави деталите од своето денешно обраќање на самитот на Г20.
Зеленски рече дека сега е време да се запре руската војна во неговата земја, според мировниот план што тој го предложи.
Украинскиот претседател потоа на социјалните мрежи ги претстави сите 10 предлози на Киев за прекин на конфликтот со Русија:
1. Нуклеарна безбедност,
2. Безбедност на храна,
3. Енергетска безбедност,
4. Ослободување и враќање на затворениците и депортираните,
5. Имплементација на Повелбата на ОН и враќање на територијалниот интегритет на Украина и светскиот поредок,
6. Повлекување на руските трупи и прекин на борбите,
7. Враќање на правниот систем,
8. Запирање на екоцидот,
9. Спречување на ескалација
10. Потврда за крај на војната
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.